Ќе се реконструираат старите и оштетени фасади на станбените објекти кои се наоѓаат на територија на скопската општина Карпош. Локалната власт распиша оглас за изведувач. Рокот за пријавување е 28 јануари.
Реконструкциите се дел од програмата „Да го вратиме сјајот на старите згради“, чија цел е подобрување на енергетската ефикасност на колективните згради. Како дел од таа програма во изминатата година беа обновени фасадите на четири објекти. Исто како и тогаш, и сега е предвидено да се вградат термички материјали, а и да се постават ПВЦ-прозорци со соодветна изолација.
Основните критериуми за една зграда да биде избрана за реконструкција, се староста на објектот, состојбата на фасадата, бројот на жителите и местоположбата на зградата.
Точната бројка на објекти ќе биде соопштена по завршување на постапката. Дотогаш, во согласност со елаборатот, граѓаните може да ги пријавуваат објектите каде што живеат. Стручна комисија ќе изврши увид на терен за да ја утврди состојбата на зградата.
Реконструкциите ќе бидат финансирани од општинската каса, а цената ќе биде утврдена во зависност од типот на објектите и на потребните интервенции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Започнува реконструкцијата на „Долни Сарај“, една од најрепрезентативните сцени во Охрид
-
Коѕијас и Каменос ја преживеаја реконструкцијата на грчката Влада
-
Двајца пешаци прегазени на улица во Карпош
-
Драма во маркет во Карпош: Разбојник нападнал една продавачката со електрошок, а двете колешки жестоко му возвратиле