Секоја жена, а особено онаа која е мајка, ќе сфати дека сурогат мајчинството е многу комплексна улога која со себе носи комплексни емоции. Од моментот во кој на жените им се крши срцето до налет на среќа и радост, сурогат мајките проговориле токму за тие чувства.
Како изгледа и какво е чувството да се носи туѓо дете откриле сурогат мајки на страницата за споделување тајни Whisper, каде што можат анонимно да ги раскажат сите свои тајни, пишува Дејли маил.
Во продолжение прочитајте некои од признанијата:
-Јас сум сурогат мајка и не сакав да се откажам од бебето.
-Јас сум сурогат на мојата тетка. Најчудната работа во оваа ситуација е кога сум надвор со момчето, па луѓето ни честитаат.
-Јас сум сурогат мајка за една пријателка и секој пат кога некој ќе ми честита, а јас му велам дека детето не е мое, дека само го чувам за пријателка, тогаш многу чудно ме гледаат.
Бремена сум четири месеци за друга личност и едвај чекам ова да заврши!“
-Тоа што носев дете за мојата сестра беше најмалку што можев да направам за неа после сè што таа направи за мене.“
-Одлуката да бидам сурогат мајка беше најлошата одлука која сум ја донела во животот и секогаш ќе жалам за тоа. Дури и ако некому така се исполнија соништата, јас добив само кошмари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст