| четврток, 6 декември 2018 |

Откажан концертот на „Депеш мод“ во Истанбул

Концертот на „Депеш Мод”, закажан за вечерва во Истанбул, нема да се оддржи, соопштува сајтот. Поради протести на бугарските превозници кои протестираат против турските власти, камионите со сценската опрема на групата не можеле да ја минат бугарско-турската граница, откако неколку стотици камиони вчера ги блокираа главните гранични премини Капитан Андреево и Лесово.

„Депеш Мод“ и турските организатори од „Пурпл Концертс“ работат за репрограмирање на концертот за друг датум од турнејата, а фановите се замолени да ги зачуваат своите билети и да очекуваат нова информација од групата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top