Во светот денес во просек повеќе од една третина од браковите завршуваат со развод, поради што експертите ги советуваат паровите наместо за брак да се одлучат за десетгодишен договор за врска, пишува „Индепендент“.
Паровите, кои ќе се одлучат за десетгодишен договор, наместо за бракот до крајот на животот, подобро ја договараат поделбата на работите, особено на финансиите и повторно ја разгледуваат својата иднина по истекот на договорот.
Ваквите договори, според мислењето на експерите би ги спречиле незгодните бракоразводни парници, кои се најмногубројни токму на десетгодишнината од бракот.
Десетогодишниот договор за врска би бил најдоброто решение за паровите, кои ја игнорираат статистиката и работите ги препушаат на случајот. Голем број парови, всушност, како што велат брачните советници не веруваат дека во нивниот случај може да дојде до развод на бракот, ниту си дават време да размислат и да се обидат да го решат проблемот, кога ќе дојде до него.
Повеќето парови остануваат во брак поради децата, поради другите луѓе или едноставно завршуваат како најголеми непријатели за време на бракоразводната парница, со оглед на тоа дека не ги исполнуваат ветувањата за заеднички живот „додека смртта не ги раздели“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст