| четврток, 6 декември 2018 |

Во Кан како на филм: пукале на актерите Кристоф Валц и Даниел Отај

Филмскиот фестивал во Кан годинава со многу изненадувања. По грабежот на накит кој вчера беше однесен од хотелската соба, сега пукале на двајца актери.

Еден човек беше уапсен вчера за време на Канскиот филмски фестивал откако пукаше со пиштол со ќорци за време на живо телевизиско интервју на Канал + на актерите Кристоф Валц, кој освои Оскар за најдобра споредна машка улога во “Џанго” на Тарантино и Даниел Отај. Сепак, ќорците можат да бидат многу опасни, дури и смртносни, доколку со нив е пукано во непосредна близина во метата.

Човекот истрела два куршуми од стартер пиштол, јавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на властите и француската телевизиска станица.

Човекот, наводно, имал граната во едната рака, но и ниж во џебот, а снимките и фотографиите од инцидентот ги покажуваат Валцер и Отај како се пренесени надвор од сцената.

Инцидентот, кој се случи на сетот на Канал + поставен по на популарното шеталиште де ла Кроазет- главниот булевар во Кан – накратко го прекина шоуто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top