Стотици политичари, дипломати, воени лица, шефови на тајни служби, опозициски лидери и влијателни бизнисмени низ цела Африка биле прислушувани од британското разузнавање. Откритието е на францускиот весник Монд и опфаќа податоци за најмалку 20 африкански земји од кои повеќето сојузници на Велика Британија. Документите покриваат нерегулирани активности на надворешното разузнавање во Лондон во 2009 и 2010 година.
Основната цел на пресретнати сателитски комуникации биле претседатели и премиери на африкански држави. Иако Велика Британија е главен трговски партнер на Кенија, во март 2009-та британските тајни служби ги следеле разговорите на претседателот Кибаки и неговите најблиски советници, како и на премиерот Рајли Одинга.
Истиот пристап е применет и кон Ангола – најголемиот африкански производител на нафта, кој во 1979-та се управува од претседателот Жозе Едуардо Санту.
Британските служби ги прислушувале сите комуникации и на лидерот на Конго, Џозеф Кобила, како и на тогашниот нигериски претседател Умару, а кога тој умира, „баговите“ веднаш се пренасочени кон неговиот наследник на функцијата.
Во бележникот со телефонски броеви на британските шпиони влегувале уште претседателот на Гана, Џон Куфур, како и неговите колеги во Того и Гвинеја. Прислушувани биле разговорите на министрите за надворешни работи на Нигерија, Кенија, Замбабве, Судан и Либија, нивните екипи, а биле читани и мејловите. Тајните операции за прислушување биле проширени и врз сирискоата амбасада во Судан и руските дипломатски претставништва во Конакри и Абуџа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.