Еден од нашите најголеми фудбалски надежи, Давид Бабунски, е пред заминување од редовите на српскиот гигант, Црвена Звезда, денес пишуваат српските медиуми.
22-годишниот играч за врска во белградскиот клуб премина од редовите на Барселона 2 со надеж дека токму во Звезда ќе ја добие вистинската шанса за покажување на својот раскошен талент, но кај тренерот Божовиќ ја нема потребната минутажа, па веќе се споменува негово заминување.
Пред извесен период се поврзуваше со трансфер во Динамо Загреб и Олимпија, но тој и неговиот агент веднаш ги демантираа овие информации, а сега се шпекулира дека кариерата може да ја продолжи во италијанската Серија А, откако за него интерес пројавија Сампдорија, Киево и Емполи. Дефинитивно Давид мора да го реши својот статус, бидејќи неопходна му е минутажа за да може во што подобро светло да се покаже на претстојното младинско ЕП во Полска, каде Македонија за првпат во историјата обезбеди пласман
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.