| четврток, 6 декември 2018 |

Како претседателот Трамп ќе ги моделира нафтените пазари

Цените на нафтата до голема мера останаа непроменети по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во САД. На долг рок, всушност неговата енергетска политика би можела да направи морници за нафтените пазари и да ги осуети глобалните напори за намалување на климатските промени, пишува германски „ДПА“.

Плановите на Доналд Трамп да даде поттик за ископувањето на горива би можело да ги ремоделира светските нафтени пазари за време на неговиот мандат како претседател на САД, а и потоа. Еве како пазарите и енергиските аналитичари го оценуваат ефектот „Трамп“ врз една од најважните суровини во светот:

Прашање: Како пазарите реагираа на победата на Трамп?
Одговор: „Меѓународниот нафтен пазар е многу спокоен. Се уште има масовно ископување на нафта“, коментира Клаудија Кемферт, енергетски експерт во Германскиот инситут за економски истражувања во Берлин.

Цените во договорите со достави за во иднина паднаа врз основа на веста за изненадувачката победа на републиканецот против Хилари Клинтон, но на крајот денот трговијата веќе се движеше стабилно и ги надминаа вредностите од вторникот.

Прашање: Политиката на Трамп ќе ги притисне горе или долу цените на нафтата?

Одговор: Планираната енергетска политика на Трамп би можела да ги обремени уште повеќе нафтените пазари низ светот, потоснувајќи ги цените под нивни сегашни нивоа, тврдат аналитичари. Трамп сака побрзо да го прошири, а не да го намали производството на нафта во САД како начин да создаде работни места. Освен тоа, тој сака да го зголеми американскиот извоз на нафта, иако нема недостиг на суровината.

-Затоа на меѓународнте пазари веќе има преголема понуда на нафта, па цебите би можеле да се раздвижат, подвлекува Кемферт.

Прашање: Што значи тоа за сегашните напори на ОПЕК да ги подтпомогне цебите на нафтата?
Одговор: Аналитичарите се согласни дека евентуланото покачување на производството на нафта во САД би и отежнало на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) да ги зголеми цените и да ги заштити нафтените приходи на своите членки.

Членките на ОПЕК, на кои паѓа една третина од светските испораки (на нафта), неодамна се откажаа од обидот да и конкурираат на американската нафта со пониски цени и изјавија дека наместо тоа ќе ги намалат сопствените добивки во поддршка на цените.

Но ако САД го зголемат производството, „ОПЕК на чело со Саудиска Арабија би можела да се чувствува прнудена да ја продолжи борбата за пазарен дел“, напишаа аналитичари од Комерцбанк во Франкфурт. Саудијците би можеле да ги намалат своите цени за американските потрошувачи, посочуваат тие.

-Во тој случај, цените на нафтата во влегле во нова спирала и долго време не би можеле во значајна мера да се опорават, прогнозираат енергетските аналитичари на банката.

Прашање: Што ако Трамп се откаже од нуклеарниот договор со Иран?
Одговор: Трамп изјави дека би сакал да го анулира нуклеарниот договор меѓу двете светски сили и Иран за ограничување на атомската програма на земјата, иако од неговите зборови не станува јасно колку е во пракса веројатен еден таков чекор.

Во замена на строги ограничувања врз атомската програма на Техеран, на исламската република ќе и биде дозволено да го обнови извозот на нафта.

-Раскинувањето на договорот со Иран, како беше објавено, би создал големи конфликти, претпоставува Кемферт. Иранската економија би настрадала и планираните инвестици во нафтените наоѓалишта во земјата би биле изложени а ризик, заедно со планираниот извоз, појасни таа.

Прашање? Што ја чека глобалната енергетска политика?
Одговор: Трамп е скептично настроен кон причините за климатските промени и се ангажира да го скрати финаисирањето за намалување на глобалното загревање.

-Новоизбраниот претседател Трамп во свој главен приоритет го стави и повлекувањето од Парискиот договор и намалување на целите за ограничување на емисите, иако не е јасно дали е тоа можно, потсетуваат аналитичарите од виенската консултантска компанија ЏејБиСи енерџи.

Нивните колеги од Комерцбанк дополнуваат дека поддршката на Трамп за традиционалните енергетски извори – нафта, гас и јаглен – може освен тоа да им отежне на производителите на алтернативна енергија да ги зголемат своите уддели на пазарот.

Ветуваната поддршка на Трамп за нафтата истовремено би можела да доведе до засилено барање на суровината на долг рок.

– Само што тој ефект во поддршка на цените се очекува да проработи во подоцна фаза, а и веројатно ќе биде неутрализиран од тековниот притисок кој овој предлог го има врз котирањата, заклучуваат тие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top