Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Македонија, имаат Скопскиот регион со индекс 143.6, Југоисточниот регион со индекс 119.2, Вардарскиот регион со индекс 107.5. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Македонија.
Според податоците на Државниот завод за статистика, најголемо учество во бруто-домашниот производ на Република Македонија, во 2014 година, има Скопскиот регион со 42.8%, додека, пак, најмало учество има Североисточниот регион со 5.0%.
Поголем бруто-домашен производ по жител, во споредба со просекот на Република Македонија, имаат Скопскиот регион со индекс 143.6, Југоисточниот регион со индекс 119.2, Вардарскиот регион со индекс 107.5. Сите други региони имаат бруто-домашен производ под просекот на Република Македонија.
Во структирата на бруто-домашниот производ вардарскиот регион учествува со 8%, источниот со 8.2%, југозападниот со 7.9%, југоисточниот со 10%, пелагонискиот со 11.1% , полошкиот со 7.1%., североисточниот со 5,0 % и скопскиот со 42,8%
Бруто-домашниот производ по жител во вардарскиот регион изнесувал 274.404 денари, во источниот 244.272, во југозападниот 189.109, во југоисточниот 304.140, во пелагонискиот 251.988, во полошкиот 117.284, во североисточниот 148.745 и во скопскиот 366.482 денари.
Статистичарите појаснуваат дека при користење на податоците треба да се има предвид дека податоците за БДП по жител, во одделни региони,во голема мерка се под влијание на „Commuter flows”.
Дневната миграција на работната сила придонесува водаден регион да се создаде бруто-домашен производ кој не е резултат на резидентното население. Од тиепричини, податоците за БДП по жител може да бидат преценети во регионот каде што тој се создава (Скопскиотрегион), односно потценети во регионот од каде што се одлева работната сила.
Податоците не ја прикажуваатразвиеноста на регионите од аспект на приходите на населението. Тоа значи дека многу граѓани од останатитерегиони придонесуваат во создавањето на БДП за одреден регион, а заработените приходи ги префрлаатво регионите каде што живеат (како што е, на пример, случајот со Скопскиот регион).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст