| четврток, 6 декември 2018 |

Најголемата компанија за преработка на тутун во Грција, Секе, одлучи да инвестира во Крушево

tutun-1

Најголемата компанија за преработка на тутун во Грција, Секе, одлучи да инвестира во општина Крушево во погон за преработка и откуп на тутун, најави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски .

-Тие веќе имаат основано компанија во Македонија, купено земјиште во зоната и привршуваат со нивните проекти по што до крајот на март наредната година ќе започнат со градба на објектот во индустриската зона во Крушево при што ќе инвестираат 5 милиони евра. Планот е оваа фабрика по финализирање на бизнис планот да обезбеди работа за 300 вработени, со план да откупуваат годишно повеќе од 4000 тони тутун. Освен директните вработувања оваа инвестиција е значајна за поддршка на тутунарите чиј тутун ќе биде откупуван што значи сигурен пласман. Ова е одлична вест за заживување и дополнителен економски развој на општина Крушево, но и на прилепскиот регион и подрачјето на Могила и Новаци каде веќе ги имаат склучено првите договори за откуп на тутун. За носење на оваа инвестиција свој придонес има заменик министерот за земјоделие, Ванчо Костадиновски, како и градоначалникот на општина Крушево, Ѓорги Дамчески – напиша Груевски на својот ФБ профил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top