Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од негово и од име на партијата денеска, по пвод празникот Св. Климент, упати честитка до Синодот на Македонската православна црква и до сите православни верници.
– Делото на Св. Климент преставува добар пример за тоа како со труд и искрена посветеост се постигнува многу и може да се придонесе кон живот базиран на принципи и вредности. Само со труд, смирение и посветеност може да постигнеме добри дела за нашиот народ и нашата држава. Да бидеме одговорни пред себе и пред Македонија. Да бидеме одговорни пред историјата и пред иднината. Тоа е пат на меѓусебно почитување и постојана работа, наведува Груевски во честитката.
Според него, со почитување на овие принципи, може да одиме напред, да создадеме многу повеќе и да ја развиваме државата.
– Патот на напредокот и остварувањето дела за сите преставува приоритетот во нашата работа, бидејќи тоа им е потребно на граѓаните. Да го следиме Свети Климент и да му служиме на народот на најдобар можен начин и до последниот атом од нашата сила, посочува Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии