| четврток, 6 декември 2018 |

„Рејтинг“ се пишмани: Реков Заев ќе тепа, ама као прецедник на куќен совет на неговата зграда во Калитеа!

 

Изборите минаа,  дојде и вечерта на фамозниот 11-ти декември. И види чудо, ВМРО-ДПМНЕ глатко си победија на изборите, башка со саглам мнозинство. Заев го снема, Рада отиде на јахтата, Шилегов на виски, Пендаровски кај стоката. Од мака замолкнаа и медиумските спинери на СДСМ, а во партијата завладеа неизмерен траор. Кај нив се радуваа саде новите послушници од легијата на Заев и Рада кои ќарија пратеничка плата и апанажа.

Сериозноста на проблемот беше засилена од притисокот на чадорот, кој пред заминување и смената со луѓето на новиот претседател, башка притиснат од нив, наметна и изврши силен притисок да нема непризнавање на изборите. Сега, Заев се најде во небрано, не можеше да го стори единственото нешто што го знаеше – да не ги признае изборите.

Лути им беа и од српската радикална странка „Двери“ од која СДСМ ја украде и препиша целата програма, башка ја плати солено кај скапите продавачи на магла. Ноѓо и „Двери“ беа лути што – ај што ја украдоа, ама изгубија катастрофално токму со нивната програма.

-„Алоооо, идиоти једни, па програма је била за десничаре бре, биљмези!“ изјави гласноговорникот на „Двери“ по дебаклот на СДСМ. Најавија тужба, исто како и челниците на „Шарената револуција“ од Босна, кои македонската ја протолкуваа како понеуспешна и од нивната пародија.

Во најнебрано, сепак, се најдоа Спасов, Шаки и Мљаден. Да, утката на „Рејтинг“, „Телма“ и „24 вести“ се гледаше од авион, а солзите во очите на наведените ја откриваше нервозата и разочараноста од катастрофалниот помин на СДСМ.

-„Јухууу, па ќе си бидеме опозициска телевизија, нови грантовиии, јееееес!“ – беше првата реакција на Шаки. Радоста му ја снема веднаш откако се сети дека чадорот си заминува. -„Упс!!!“ викна тој, подголтна, си сипа виски и заплака гушнат со Мљаден на Боемската уличка.

Ајде, на Спасов и не му беше првпат, па тој си влезе со пресметан ризик во прикаската, ама „независните“ медиуми се заглавија до уши. „Избраните“ медиумски пера, солено платени од чадорот за неговата сенка со дупки, учествуваа во измама на народот, но тоа не ги мачеше. Излажаа, дебело.  Ќе беа на мака од етичкиот момент на ситуацијата, оти како први луѓе не медиумите, какви и да се, требаше да си дадат оставка за политизирањето на сопствените медиумски куќи, кои и онака станаа филијали на УСАИД и Сорос ставени во функција на СДСМ. Ќе беа, но среќа во несреќа е што немаа скрупули ниту морал…

Се огласи и Спасов, кој соопшти дека, всушност, се било недоразбирање.

-„Да, СДСМ се доближи до ВМРО-ДПМНЕ на 1,4%, ама то е анкета што ја праевме во кланот на Заеви во Струмица. Дури и таму, 52-ца од фамилијата на Заев одбиваа нивните деца в градинка да учат албански! Другите 50 души, сите добиле тендери од лидерот градоначалник, па иако не се сложувале со него за ова прашање, како и за федерализацијата, морале да му учинат и да гласаат за СДСМ ради тендерите!“ соопшти  анкетарот. Башка, Спасов се дообјасни и дека анкетата оти Заев ќе победи, всушност била за прецедник на куќен совет во Заевата зграда во Калитеа, Грција. И во зградата се гласало по 10-ти пат. Минатите 9 пати, Заев губел и не ги признавал изборите во сопствената зграда. Така, изнервирани од него, сите си продале евтино и се иселиле. Заев купил се, конечно станал претседател на куќен совет и си ја вселил целата фамилија. Вицето му бил заменик. Вицепретседател…

olaf

Олаф од Фрозен

 

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Олаф од Фрозен

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top