| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот Иванов во посета на македонско ­грчката граница

ivanov

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ќе ги посети припадниците на Армијата на Република Македонија и другите безбедносни служби задолжени за обезбедување на државната граница, во објектот на Здружениот штаб во Гевгелија.

Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, ќе ја посети македонско­грчката граница кај граничниот камен 59. Претходно, претседателот Иванов оствари посети на касарната „Јане Сандански“ во Штип, граничниот премин „Меџитлија“ во Битола и на Касарната Илинден во Скопје.

Оваа посета на јужната граница кај Гевгелија, како и претходните активности, се во функција на увид во подготвеноста и капацитетите на АРМ и другите безбедносни служби во справувањето со предизвиците од мигрантската и бегалската криза. Во контекст на ова, македонскиот претседател минатата седмица одржа и работна средба со раководителите на субјектите задолжени за превенција и справување со кризната состојба, намалување на ризикот од терористички напади и обезбедување за оддржување на изборите. Заради постојаната закана од илегална миграција која доаѓа од територија на НАТО и ЕУ членки, во Македонија од август 2015 година до јуни 2017 година е прогласена кризна состојба, активиран е кризниот менаџмент со функционален здружен воено­цивилен штаб за заштита на границите и обезбедување на коридорите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top