Творецот на апликацијата Снепчет Ивaн Шпигел веќе не е најмладиот милијардер во светот (кој сам го создал своето богатство, а не наследил). Неговото место на листата го зазема креаторот на Страјп Џон Колисон.
Џон ја создава апликацијата за мобилни плаќања заедно со својот брат Патрик. Во моментов Страјп се проценува на 9,2 милијарди долари – речиси двојно повеќе од јули 2015 година, кога компанијата е проценета на 5 милијарди долари.
Како резултат на тоа богатство на двајцата браќа од ирско потекло е оценето на 1,1 милијарди долари. Така 26-годишниот Џон Колисон станува најмладиот милијардер во светот. Џон е само 2 месеци помлад од соосновачот на Снепчет и извршен директор на компанијата Иван Шпигел.
Поголемиот брат Патрик Колисон има 28 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст