| четврток, 6 декември 2018 |

Врачување на државната награда „Св.Климент Охридски“ за 2016

nagrada-sveti-kliment-ohridskiВо Собранието на Република Македонија денеска напладне ќе биде врачена државната награда „Св. Климент Охридски“ за 2016 година, која е највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Во областа на воспитанието и образованието наградата годинава му се доделува на фолклористот Марко Китевски, во  областа на културата и уметноста наградата ќе ја добијат музичкиот уметник Гордана Јосифова-Неделковска, скулпторот Жарко Башески, поетесата Весна Стојчевска и театарската критичарка и публицистка Лилјана Мазова.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top