Шенон Доерти(45) попозната како Бренда од серијата „Беверли Хилс“ минатата година покрена тужба против својот менаџер Стивен Блат. Актерката тврдела дека има рак на дојката, бидејќи Блат не водел грижа за нејзиното здравствено осигурување. Таа редовно правела прегледи, но во одреден момент не можела, бидејќи немала здравствено осигурување. Лекарите и рекле дека ракот се појавил во периодот кога не била здравствено осигурена.
Сепак актерката и менаџерот во меѓувреме се спогодиле, Шенон се подложила на мастектомија, ја завршила хемотерапијата и тргнала на зрачење, а сега нејзиниот сопруг сите ги шокираше со еден потег.
Како што се дознава, нејзиниот сопруг покренал тужба против менаџерот за кој тврди дека со негрижа за нејзиното здравје го уништил неговиот сексуален живот со актерката. Исто така го обвинил за лошите финансиски потези годинава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.