| четврток, 6 декември 2018 |

Димовски: Имаме обврска да ја заштитиме Македонија за нашите идни поколенија

ilija

Носителот во Изборната единица 3, Илија Димовски и кандидатот за пратеник Емил Димитриев денеска остварија средба со граѓаните на Македонска Каменица, на која се зборуваше за новите проекти од програмата „Реално“.

Димовски пред граѓаните на Македонска Каменица  истакна дека треба да му се заблагодариме на Заев што пред време ги кажа сите црни сценарија за двојазичност и за уништување на Македонија и додаде дека народот сега е свесен што планира Заев и ќе застане зад својата држава и ќе ја одбрани.

-Над 93% од македонскиот народ се изјасни дека е против двојазичност  и на овие избори мораме да се обединиме против сите сценарија, односно имаме обврска да ја заштитиме Македонија и нашите идни поколенија, вели Димовски.

ilija2

Димовски додаде дека Зоран Заев ја има заборавено цела Источна Македонија и дека во Македонска Каменица се гради само кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт.

Воедно носителот во ИЕ3 се осврна и на проектот Рурални развојни зони кои како што кажа ќе допринесе за сите странски и домашни компании да инвестираат надвор од градовите односно во селата и другите помали населени места.

На крајот Димовски додаде дека ќе продолжи изградбата на нови автопати, магистрални и локални патишта во овој дел од Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top