Министерот за надворешни работи на Кралството Холандија Берт Кундерс ги повика македонските гласачи да излезат на гласачките места на 11 декември и да донесат одлука за иднината на својата земја.
-На вас е, како наши пријатели, граѓани и како гласачи од Македонија, да ја побарате слободата и реформите кои се неопходни за приближување на вашата земја кон Европа, кон стабилност и посилна демократија- порачува Кундерс во видео изјава доставена од Амбасадата на Кралството Холандија во Македонија.
Посочи дека Холандија е долгорочен пријател на македонската демократија и дека земјата за неколку дена се соочува со историски крстопат.
-Како министер за надворешни работи на Холандија, не можам да застанам на страната на некоја политичка опција. Меѓутоа, моја должност е да ги застапувам европските вредности- рече Кундерс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст