| четврток, 6 декември 2018 |

Потона брод со 64 патници

Патнички брод, на кој имало 64 патници, меѓу кои и жени и деца, потона додека пловеше кон јеменскиот остров Сокотра, пренесоа светските медиуми.
Спасувачките тимови велат дека успеале да извлечат пет патници од бродот кој пловел од пристанишниот град Ал Мукале кон Сокотра.

Судбината на останатите патници не е позната, како ниту причината за потонувањето, пренесуваат агенциите.

Според владината агенција Saba, спасени се двајца патници и тоа од бродови кои пловеле под австриско и австралиско знаме.

Според наводите на властите, бродот потонал во втроникот во близина на Сокотра, 350 километри од југоисточниот брег на Јемен.

Гувернерот на Хадрамаут, генерал Ахмед бен Бреик, вели дека локалните власти упатиле апел за помош до арапските коалиции кои ја поддржуваат владата, како и до бродовите што пловат во околината.

Сокотра и Хадрамаут се под контрола на владините сили на претседателот Абд-Рабу Мансур Хади, кој е во војна со Хутите кои го контролираат северниот дел на Јемен.

Патниците на бродот во главно биле жители на Сокотра, нагласи Бреик.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top