На сите знае понекогаш да им биде досадно додека се на работа и настојуваат времето да го поминуваат на разни начини. Мексиканската полицајка Нидија Гарсија избра начин на опуштање што ја чинеше работно место, но и собра слава на интернетот.
Имено, Гарсија се фотографирала топлес додека седела во полицискиот автомобил, пишува “Lad Bible”.
Очигледно таа не планирала селфито да остане во приватната колекција, бидејќи го објавила на Фејсбук. Реакцијата од нејзиниот работодавач била брза и немилосрдна – суспензија и отказ.
“Погрешив што се фотографирав за време на работното време, додека се уште ја носев службената униформа. Поради тој многу неморален чин сакам да се извинам на министерството за безбедност и правда, како и началникот Ескобед. Чувствувам гадење бидејќи им нанесов најголема штета на моите ќерки, но и сопругот, родителите, браќата и целото семејство”, напиша на Фејсбук.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.