Изборите не се пресудни само за Македонија, тие се многу важни за Европа и за светот. Македонија ќе му сигнализира на светот дека еднаш засекогаш ги одби сите уцени, притисоци, закани, валкани трикови и платени „предавници“ од калибарот на Бранко Црвенковски и Зоран Заев. Ова го изјавија двајцата американско-италијански аналитичари Умберто Паскали и Андреа Галии за програмата „Гласот на народот“ со Слободан Томиќ на „Тв Сонце“.
Притоа, двајцата експерти и познавачи на приликите на Балканот и во Македонија, изразија уверување дека Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ќе победат на изборите на 11 декември.
– Македонскиот народ го поддржа Груевски и претходно, но сега, по победата на Трамп во САД, Заев изгуби поддршка дури и од своите шефови, т.е. Сорос и бандата на Буш/Клинтон. Американскиот народ го отфрли токму овој естаблишмент. И овој естаблишмент беше одбиен и од некои од врвните луѓе во елитата. Оваа елита разбира дека политиката на Буш/Клинтон продолжува со војни и дестабилизација надвор од САД, како и со финансиски грабежи внатре во САД, што ги направи САД слаба држава која не може да води вистинска војна, дури и да сака. Нејзината економија е пропадната, инфраструктурата ѝ е ничкосана. Ни сите медиуми, ни целата пропаганда не може да ја оправда за тоа – истакна Паскали.
Тој додава дека сега Заев и Црвенковски се марионети без конци.
– Ќе следува чистка и во САД. Може да се очекуваат промени во многу разузнавачки и безбедносни агенции. Сите неспособни воени хушкачи во Пентагон ќе мора да бидат отпуштени. САД ќе треба да размислува како да ја обнови својата економија и општество, а не како да урива други држави. Ова е значењето на победата на Трамп. Работите ќе се сменат во Европа, старите лидери кои ѝ служеа на администрацијата на Обама, на бандата Клинтон/Буш, ваквите лидери се докрајчени. Ренци и Оланд испаднаа, уште колку ќе остане Меркел во својата фотелја? – оценува американскиот аналитичар Паскали.
Познавачот на македонските случувања во пограмата „Гласот на народот“ запрашан за раширената приказна дека италијанскиот премиер Ренци требаше да го поддржи Заев.
– На вчерашниот референдум, Италијанците убедливо го отфрлија Ренци и го натераа да поднесе оставка, па единствениот логичен заклучок е дека Италијанците… веќе гласаа за Груевски! – смета Паскали.
Од друга страна угледниот италијански експерт за Балканот, како и за случувањата на Исток и Запад, Андреа Галии, јасно посочи:
– Европа мора да дише со двете белодробни крила, Истокот и Западот! Сојуз, а не за екуменизам, но сојуз меѓу Русија и Западна Европа за борба против духовната дестабилизација на која сме жртва. Сорос и неговите спонзори не само што ги поткопаа нашите земји економски и политички – Италија можеби повеќе од Македонија, туку Сорос поткопа и нешто многу посуштинско, темелните вредности на нашите земји, нашиот христијански идентитет и култура, институцијата на семејството. Ова е дури поопасно од другите форми на субверзија. Мора да реагираме. Русија, со претседателот Путин го прави тоа. Ние се залагаме за сојуз меѓу православните цркви, започнувајќи со Руската црква и Католичката црква против заедничката опасност… Кога земјата има лидер кој е подготвен да се бори за економска и духовна благосостојба на својот народ, и кога луѓето имаат доверба во своите избрани лидери, тогаш таа земја е во состојба да се спротивстави на било каков предизвик. Ова е случај со Никола Груевски и македонскиот народ. И токму затоа соросоидите пробаа сè за да го соборат Груевски и на негово место да стават корумпирани марионети како што се Заев и Црвенковски… Истото се случи и во САД. Верувам дека само што започнуваме да го откриваме Трамп. Но, тој изгледа како способен лидер… – смета Галии.
Паскали и Галии го пофалија поглаварот на Македонската православна црква, архиепископот Стефан, како духовен лидер што Македонците се среќни да го имаат во овој момент.
– Македонија сега има голема шанса конечно да започне вистински процес на економски развој, почнувајќи со Јужниот или Балканскиот тек. Бандата на Сорос нема веќе да може да го саботира овој огромен проект. Македонија може да стане влезна точка за мрежи на соработка низ целиот Балкан. Јасната победа на Груевски ќе биде сигнал за Македонија и за светот дека страницата на агресии однадвор и саботажи на Петтата колона на Заев однатре конечно е затворена! – изјавија американско -италијанската експертска двојка и познавачи на приликите во Македонија и светот Умберто Паскали и Андреја Галии, за Програмата Гласот на народот со „Слободан Томиќ“ на ТВ Сонце
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.