Со свечена академија што ќе се одржи вечерва во 19.30 часот во центариот за култура „Григор Прличев“, Охрид ќе го одбележи празникот на својот заштитник Св. Климент Охридски.
На академијата ќе се обрати градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески, а ќе бидат доделени наградата и повелбата „Св. Климент Охридски – Патрон на Охрид“. Добитник на највисокото општинско признание, наградата Св. Климент Охридски, оваа година е ОМУ „Методи Патче, а на повелбата олимпијката Нина Балабан.
По повод одбележувањето на денот на заштитникот на Охрид, Свети Климент Охридски, денеска и утреа ќе се одржат низа настани и свечености.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.