| четврток, 6 декември 2018 |

За неа пателе Сталоне, Шварценегер и Шон Пен: Некогаш најубавата жена на светот денес изгледа вака

Данската актерка и некогашен Плејбој модел, 53-годишната Бриџит Нилсен, им ги кршела срцата на холивудските заводници и важела за една од најубавите жени на светот. А како изгледа денес?
br
Се прославила со улогите во филмовите “Црвена Соња”, “Кобра”, “Роки” и “Полицаецот од Беверли Хилс”, и во 80-тите години од минатиот век била идеал за убавица – висока, слаба со облини на вистинските места, тесна половина и долги нозе, била сè што мажите сонуваат. Во “Црвена Соња” играла рамо до рамо со Арнолд Шварценегер, а од филмот “Роки” излегла со свршенички прстен кој ѝ го дал Силвестер Сталоне.

Бриџит неодамна рекла дека имала кратка сексуална афера со Шварценегер во времето на “Црвена Соња” и дека со неа ја изневерувал Марија Шрајвер со која подоцна се оженил.
brigit-najubava-akterka-02
-Се чувствував како да сум му единствена. Тогаш сфатив дека е со Марија и се почувствував измамена. Можеби не би влегла во таа авантура доколку на почетокот ми кажеше: Ќе се оженам со Марија и тоа е многу сериозно”, рекла Бриџит.
brrr
Дека славната убавица била и тоа како посакувана сведочи и бројот на нејзините бракови од кои последниот траел повеќе од 2 години. Тука бил и Каспер Виндинг со кој минала само една година. Потоа речиси веднаш стапила во брак со Силвестер Сталоне, а од него се развела во 1987. година, по две години љубов. Направила пауза во времето кое го минувала со Шон Пен, а потоа во 1990. година стапила во брак со Себастијан Копленд. И тоа траело само две години, а потоа во нејзиниот живот влегол Раул Мејер со кој останала подолго – дури 12 години. Една година по разводот со него, се омажила со Матио Деси. Бриџит инаку велела дека Сталоне бил многу лош во кревет, и дека се чувствувала како да му е автомобил, а не жена. Исто така рекла дека од бракот излегла незадоволена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top