Некои од овие знаци можат да бидат зачудувачки, никогаш не би помислиле дека тие ги карактеризираат високо интелигентните луѓе. Дознајте дали сте еден од нив…
1. Ментална болест
Нарушување на расположението може да биде цената која ја плаќаат високо интелигентните луѓе, потврдиле истражувањата. Психолозите откриле дека поголемиот IQ кај децата е поврзан со биполарно нарушување во раното детство. Тие деца се и многу креативни.
2. Загриженост
Луѓето со поголем коефициент на интелигенција се посклони кон анксиозност отколку оние со просечна интелигенција. Анксиозноста е во корелација со високата интелигенција. Загриженоста – како главен симптом на анксиозноста не е наметната од страна на современиот свет, таа отсекогаш била присутна во животите на луѓето.
3. Нови идеи
Наспроти нарушувањата, расположението и анксиозноста, еден од знаците кој ги карактеризира високо интелигентните луѓе е создавањето и прифаќањето на нови идеи. Едно истражување открило дека интелигентните луѓе се подготвени да ги прифатат идеите кои повеќето луѓе не ги прифаќаат, па меѓу нив има поголем број на атеисти и политички либералци.
4. Осаменици
Студиите покажале дека колку повеќе се социјализираат со луѓе, интелигентите луѓе го опишуваат својот живот како помалку квалитетен. Тие сакаат поголемиот дел од времето да го поминуваат сами.
5. Спијат до доцна
Високо интелигентните луѓе лежат до подоцна и со самото тоа стануваат подоцна за разлика од просечните.
6. Доверба
Интелигентните луѓе имаат повеќе доверба во луѓето отколку останатите луѓе, тие се посклони да им веруваат на другите. Научниците во врска со тоа даваат објаснување дека тие се подобри во проценката на човечкиот карактер, па подобро можат да проценат кому можат да му веруваат, а кому не.
7. Мрзеливост
Мрзеливите луѓе уживаат во размислување. Од друга страна, оние кои не уживаат во размислување, гледаат да си најдат што повеќе работа за да побегнат од своите мисли.
8. Аналитичност
Истражувањата потврдиле дека луѓето кои сакаат да размислуваат имаат подобро помнење и често им треба повеќе време да донесат некоја одлука бидејќи аналитички и` пристапуваат на секоја ситуација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст