| четврток, 6 декември 2018 |

Тој човек престана да постои, од мојот пријател остана само сенка

Поранешниот грчки министер за финансии, Јанис Варуфакис, вели дека нема сомнение дека мерките за штедење во Европа пропаднале, и дека тие “никогаш не, и никогаш нема да функционираат.

-Мојата проценка е дека на еврозоната ѝ е потребна нова архитектура и инфраструктура. Најголема препрека во тоа е германскиот министер за финансии. Ќе биде невозможно нешто да се промени со денешната архитектура, рекол Варуфакис во Загреб.

Поранешниот министер на Грција вели дека не постои глобално управување.

-Имавме глобализација без глобална влада. Глобализацијата е всушност право на парите слободно да се движат и големите корпорации да им продаваат на други држави без рестрикции и да се шират на други економии. Не постои глобално управување. На Хрватите и Грците кои денес живеат во Обединетите Кралство денес им велат дека не се добредојдени. Мексиканците произведуваат роба за САД, но не се добредојдени таму”, рекол Варуфакис.

На прашањето како грчкиот премиер Алексис Ципрас се носи со кризата, Варуфакис одговорил:

-Тој престана да постои. Сега гледаме само сенка од мојот добар пријател”.

Зборувајќи за “придвижувањата” во Европа, Варуфакис рекол дека сите промени кои се случуваат во Германија одат нагоре.

-Ангела Меркел е единствената политичарка која е уште на нозе која е на страната на цивилизацијата, иако по многу работи не се согласувам со неа, посебно не во економската политика. Пропушти можност за обединување на Европа и ќе ѝ биде многу тешко”, констатира Варуфакис, и заклучува:

-Социјалдемократијата всушност одамна ја продаде својата душа кога се здружи со банкарите. Почнаа да мислат дека повеќе нема потреба да работат како судии помеѓу државата и бизнисот. Социјалдемократијата умре и во последните неколку години ја гледаме нејзината рапидна смрт. Многу сум тажен за Сириза. Имавме можност, направивме нешто неверојатно, му се спротивставивме на естаблишментот со програма која беше примерна. Само требаше да бидеме обединети и да кажеме не на идиотизмот. За жал, не бевме обединети, едноставно паднавме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top