Германската канцеларка Ангела Меркел денеска по деветти пат беше избрана за лидер на владејачката Христијанско демократската унија (ЦДУ).
На партискиот Конгрес во германскиот град Есен, Меркел ја доби поддршката од 89,5 отсто од делегатите. Веднаш потоа делегатите на Конгресот на ЦДУ ја поддржаа и кандидатурата на Меркел за функцијата канцелар на Германија.
Пред две години Меркел беше реизбрана за лидер на ЦДУ со 96,7 проценти од гласовите на делегатите на партискиот Конгрес. Таа ја предводи ЦДУ веќе 16 години.
Претходн,о денеска Меркел во својот говор пред делегатите на конгресот истакна дека планира да го ограничи приливот на мигранти, да го забрза депортирањето на незаконските мигранти, но најави и забрана на бурките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст