| четврток, 6 декември 2018 |

ЕВН Македонија го зголеми капацитетот на трафостаница Аеродром

ЕВН Македонија пушти во употреба ново 110 киловолтно трансформаторско поле и нов извод (10 (20) KV), во општина Аеродром. Со проширувањето на постојната трафостаница „Аеродром“ (110/10 KV) за една третина е зголемен капацитетот и се отворија можности за приклучување на нови корисници и развој на индустријата во оваа скопска општина.

evn3

Потребата за проширување на ТС 110/10kV „Аеродром“ се јави од зголемен број на нови корисници поради изградбата на станбени и деловни објекти во населбата Ново Лисиче, Реонски центар и  на ул. „3-та Македонска бригада“.

evn2

На новоизградениот извод ќе се приклучат над 2000 корисници од населбата Аеродром, меѓу кои и комплексот згради на „Џеваир холдинг“, спортскиот центар „ Јане Сандански“, хотел Русија и дел од индустриските корисници од соседната населба Гоце Делчев.

evn

ЕВН Македонија инвестираше 1,5 милиони евра во доградба на постоечката 110/10 kV трансформаторска станица и  инсталирањето на трет енергетски трансформатор, проширување на 110 kV трансформаторска постројка и нови 10 kV изводи, за чии потреби беше изградена и нова зграда. Со ова се очекува да се зголеми сигурноста, квалитетот и доверливоста во снабдувањето на корисниците во населба Аеродром. Ќе се растовари и снабдувањето со електрична енергија на корисниците од индустриската улица во населба Гоце Делчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top