| четврток, 6 декември 2018 |

Тијана не смее да се појави на „Пинк“

Пејачката Тијана Дапчевиќ и ТВ „Пинк“ ја завршија соработката после 15 години. Одлуката е донесена откако Тијана потпиша договор со „Гранд“, поточно со нивната нова издавачка куќа „Pop music“.

-Оваа одлука ја шокираше Тијана бидејќи од 2001 година беше во одлични односи со „Пинк“. Меѓутоа, може да ја разбере ваквата одлука, но не и на начинот преку кој дозна за промената. Имено, на еден настан, новинар од „Пинк“ разговараше со Тијана и ѝ кажа дека веќе не смее да ја снима – вели извор на српски „Телеграф“, за што Тијана не сакала подоцна да коментира.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top