| четврток, 6 декември 2018 |

Првата дама на здрав ручек со Пере и Франц од Нокаут

Првата дама, Маја Иванова денеска беше на „Здрав ручек“ заедно со момците од Нокаут Таа беше дел од оваа манифестација која се одржа денеска во детската градинка „Гоце Делчев“ во Пробиштип. Сопругите на амбасадорите на САД и на Шведска, Мери Џо Волерс и Хелена Густавсон, презентираа салата, супа и соодветно подготвен десерт.

Сите учесници потсетија на потребата за исклучување на брзата храна од менито на најмладите.

Пред најмалите, Маја Иванова го претстави главниот оброк од ручекот – македонска лазања, приготвена од тиквички, модри патлиџани, домати и мешан кашкавал, односно со состојки од македонското поднебје.

zdrav rucek740_1

– Од овде, од Пробиштип, сакам да порачам до сите субјекти кои се вклучени во правилниот развој на децата – институциите, родителите, бабите, дедовците, воспитувачите, наставниците, педијатрите, уште еднаш сите заедно да дадеме на интензитет на оваа акција, да придонесеме за правилен развој на нашите деца, затоа што децата, нашите поколенија, се иднината на нашата татковина, изјави Иванова.

На настанот, организиран од невладината организација ОХО и со поддршка од Министерството за образование и наука и локалната власт, беше презентиран здрав ручек, по препорака од нутриционист.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top