Грузијците не дозволија хомосексуалците да прошетаат низ улиците во нивниот главен град. Уште пред да почне геј парадата во Тбилиси, таа беше откажана. На местото каде што требаше да се одджи собирот на хомосексуалците се собрале неколку илјадници анти-хомосексуални активисти. Биле предводени од свештеници. Успеале да се пробијат низ полицискиот коридон, извикувајќи пароли против геј заедницата. Притоа демонстрантите фрлале камње на возилата.
Полицијата успеала да ги одведе на сигурно геј активистите. Со полициски возила хомосексуалците и нивните поддржувачи биле превезени надвор од центарот на градот.
Со организацијата на парадата, требало да биде одбележан меѓународниот ден на борбата против хомофобијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија