| четврток, 6 декември 2018 |

Тешко повредено лице во сообраќајка во Скопје

Едно лице се здобило со тешки телесни, а четири со полесни телесни повреди во седум сообраќајни несреќи во изминатото деноноќие во Скопје. Четири сообраќајки се со причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција открила и санкционирала тројца возачи кои поминале на црвено светло на семафор, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и 10 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано.

Затечени се и 52 непрописно паркирани возила и девет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.

Со помош на  специјалното возило „пајак“ отстранети се 63 возила.

Во рамките на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници во ООУ„ Ацо Шопов“ во општина Бутел.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top