Сајтот кој што бил направен минатата седмица, повикува на помош и финансирање за обид за атентат над Трамп, а објавена била и фотографија со ликот на Трамп и нишан на фотографијата. На сајтовите на Драк Веб може да им се пристапи само со специфични интернет прегледувачи, а оваа „паралелна“ интернет мрежа се користи за нелегална трговија и комуникација, затоа што ја маскира IP адресата и на корисниците тешко им се влегува во трага.
-Како што им е на сите познато, последиците од доаѓањето на Доналд Трамп и Мајк Пенс како лидери на слободниот свет се многу опасни – пишува на сајтот и се додава: „политичките, еколошките и социјалните последици ќе ги променат Соединетите Американски Држави кон полошо“.
Авторите на интернет сајтот тврдат дека се дел од „позната организација која што секогаш ги бранела и штитела правата на сите народи од расипаните влади и режими користејќи разни сајбер напади“.
Интернет страницата бара анонимни донации од оние кои што „сакаат да видат успех на нивниот план“ и ги молат сите оние со „стручност, интелигенција или контакти кои што се сметаат за релевантни“ да стапат во контакт.
„Биткоин“ фодот кој што е поврзан со сајтот од март месец оваа година примил 88 илјади долари, но затоа што спорната интернет страница е во функција една седмица, се смета дека досега има собрано само 119 долари како донации за конкретниот атентат, открива Раша Тудеј.
Интернешнл Бузинис Тајм открива дека во меѓувреме се појавил и хакер кој што тврдел дека знае кој стои зад интернет страницата и открил дека станува збор за канадски државјанин. Тој изјавил дека сакал тие податоци да им ги испрати на американските тајни служби, но тие веќе биле запознаени со содржината на интернет страницата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.