Овен (21.03-20.04)
Ќе бидете доста мирни. Ве очекуваат некои настани кои релативно добро ќе се одвиваат. Работите поврзани со пари ќе ви создаваат неприлики, но и на овој пан во долгорочна смисла ќе дојде до значајно подобрување. Комуникациите ви се одлични, имате желба за саработки од кои повеќето ќе бидат успешни. Во љубовниот живот без некои промени, ситуацијата е стабилна. Здравјето добро ве служи.
Бик (21.04 – 21.05)
Ќе почуствувате голема промена. Нешто како будење од зимски сон. Ќе живнете на емотивен и професионален план, а добрите вибрации ќе допрат и до вашите блиски. Ако имате партнер можете да го искористите овој момент за обновување на чуствата па за тоа можете да организирате романтична средба која долго ќе остане во вашите сеќавања. Подгответе се за акција, надворешните влијанија ви даваат подршка.
Близнаци (21.05 – 22.06)
Ќе бидете многу активни, но тоа нема нема многу да ви годи. Вашата потреба за акција може да ви донесе и здраствени пречки. Ќе бидете чуствителни и многу од вас ќе бидат склони да работаат нешто што може да има негативни последици. Бидете внимателни во односите со претпоставенита и обидете се да ја објасните вашата моментална ситуација. Љубовните врски не се многу стабилни. Здравје: чуствително.
Рак (22.06 – 22.07)
Одличен ден и работите се подобро ви напредуваат. Комуникациите ќе ви бидат се поуспешни и ќе бидете опкружени со многу луѓе. Добро ви се аспектирани и односите со претпоставените, па затоа денот е поволен за реализирање на некои поважни разговори за кои сте чекале погоден момент. Имате многу изгледи за успех во работите со странство и за деловни патувања. Приватниот живот ви е стабилен а вашата љубовна вска ја зацврстувате.
Лав (23.07 – 22.08)
Неповолните односи најмногу ќе ви се одразат во меѓучовечките односи . Ве очекуваат се повеќе недоразбирања како со претпоставените така и со колегите на работа. Настојувајте повеќе да се занимавате со работи кои не зависат од другите луѓе, бидејќи морате да бидете подготвени и на некоректни одговори од околината. Во љубовниот живот ве очекува расправии со партнерот. Здравје: внимавајте од настинки.
Девица (23.08 – 22.09)
Ситуацијата ви се подобрува, но не се исклучени и стресиовите. Највероватно, напнатостите ќе се ограничат само на едно поле од вашиот живот. Има доста планети кои ве поддржуваат меѓутоа ви се закануваат опасности да започнете нешто што би можело да ви создава стресови. Финансиската ситуација ви е се подобрува. Емоционалниот живот ви е стабилен. Здравје; просежно, внимавајте од повреди.
Вага (23.09 – 22.10)
Ситуацијата ви се подобрува. Ќе имате се повеќе енергија, па ќе постигнувате подобра концентрација и успех во потешките работи. Вашата позиција е стабилна иако не постојано и пријатна. Комуникациите ви се нешто подобри, но сеуште се можни повремени недоразбирања како со претпоставените така и со соработниците. Во емотивниот живот работите се одвиваат по ваша желба, но не претерувајте со барањата. Здравје: добро.
Cкорпија (23.10 – 21.11)
Ве очекуваат некои неприлики и напнатости, па затоа ќе морате да бидете повнимателни, особено во меѓучовечките односи. Ви се закануваат непријатни изненадувања. Околината нема да ви биде наклонета, а ви се закануваат условно речено завери. Помош од страна не ви е потребна најдобро можете да си помогнете самите на себе. На интимен план ве озчекува напнатост која ја префрлувате и во другите полиња на животот.
Стрелец (22.11 – 21.12)
Напнатоста постапно ќе ви се зголемува. Неповолните аспекти на панетите ќе ви донесат тешкотии во некои работи. Ве очекуваат и непријателства кои можат сериозно да ви ја загрозат вашата позиција. Избегнувајте кавги и секоја конфротација може негативно да делува врз вас. Сентименталните односи ви е се нестабилни. Потрудте се повеќе околу вашиот партнер ако сакате да го задржите до вас.
Јарец (22.12 – 20.01)
Ќе бидете оптимистички расположени и позитивно ќе длеувате врз околината. Насочете се кон комуникациите, бидејќи на тој план ќе имате најповеќе успех. Многу ќе ви користи движење состаноци и кратки патувања. Паричните тешкотии нема да ве загрижуваат и можете да очекувате подобрување на тоај план. Сентименаталниот живот ви е стабилен, слободните нека ја прифатат понудата за состанок.
Водолија (21.01 – 19.02)
Неповолен ден што најмногу ќе се одрази врз односите со околината. Морате да бидете внимателни на работното место, бидејќи ви се закануваат недорабирања и со колегите и со претпоставените. Нема да бидете изразито раздразливи и склони кон кавги но сепак треба да внимавате на вашето однесување. Во сентименталните односи ќе почуствувате извесна напнатост. Здравје: могу добро.
Риби (20.02 – 20.03)
Вашата ситуација е делимично добра, бидејќи примате добри аспекти од планетите, па сите работи поврзани со комуникации одлично ќе ви напредуваат. Ќе имате прилика да направите и некои финансиски договори. Ќе се чуствувате среќно работејќи ги работните задачи кои ви претставуваат задоволство. Во љубовниот живот без некои поголеми промени, бидете поиницијативни и обидете се да ја разбиете монотонијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст