| четврток, 6 декември 2018 |

Жените родени во овој знак се најсилни и најсамоуверени…

Силни коски, високо чело, изразени јаболкници и поглед кој привлекува како магнет се главните карактеристики на заводливите припаднички на овој знак. Иако се многу верни и лојални, тие понекогаш се плашат од блискоста и тешко се отвораат пред другите. Имаат голема самодоверба, а во животните предизвици се бестрашни и оптимистични. Маана им е што сакаат да ги контролираат другите и се доста посесивни, па неретко можат да бидат и љубоморни. Но, тоа е нивен начин да ја изразат својата неизмерна љубов. Станува збор за Скорпиите.

Жените Скорпии од рана возраст ја запознаваат борбата со животот и така ја стекнуваат својата сила и храброст. Одлучни се и можат многу да направат сами, но не се срамат да побараат помош и разбирање кога сметаат дека им е потребно. Активни се, брзи, вредни, снаодливи и работливи. Нивните шарм, досетливост, таинственост и интелигенција едноставно немаат граници. Посебно се истакнуваат во оние работи кои бараат истражувања на непознати подрачја.

Не потпаѓаат под туѓо влијание и сакаат да ја покажуваат својата независност. Не се алчни и не живеат во фантазиите и соништата, бидејќи се големи реалисти кои се свесни за своите квалитети за кои, пак, знаат дека вредат повеќе од материјалното богатство. Како партнери и сопруги, тие се нежни, посесивни и не сакаат нивната љубов да биде искористена. Кога сакаат, тие сакаат со целото свое срце. Како мајки се борбени и по секоја цена ќе ги заштитат своите деца. Како пријатели, тие се верни, добри, стабилни и секогаш можат да го дадат вистинскиот совет во вистинското време. Успехот им е гарантиран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top