| четврток, 6 декември 2018 |

Еве зошто патничките авиони секогаш се со бела боја

Дали некогаш сте се запрашале зошто патничките авиони најчесто се бели? Весникот „Сан“ наведува неколку главни причини:
На белата боја најчлесно се воочуваат пукнатини, капење на масло или други проблеми кои може да се јават на авионот, со што се овозможува што побрзо отстранување на каков било дефект.

Белата боја рефлектира светлина и топлина , така што е најдобра за спречување на преголемо загревање на металот на авионот. Во случај на судир или турбулентно време, белата боја е највпечатлива и не бледнее.
Бојадисувањето на авионот е долга и сложена работа. За да се бојадиса еден авион потребни се помеѓу два дена и две недели, во зависност буџетот со кој се располага.

извор македонија денес

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top