Седумгодишно момче од Бугарија кое тежело само 3,5 килограми напредува со зачудувачка брзина откако било посвоено од грижлива жена од САД. Детенцето било изгладнувано во текот на целиот свој живот, а како последница на изгладнетоста, било прекриено со влакна по целото тело.
И покрај заложбите на вработените во сиропиталиштето кадешто се наоѓало, момчето било на работ на смртта пред да биде посвоено.
Неговата нова мајка Присила Морс од Тенеси, САД, го видела малото момче на фотографии објавени на Facebook и знаела дека мора да ги земе нештата во свои раце.
„Го посвоивме нашето прво дете пред четири години, а и јас сум посвоена. Кога ја видов фотографијата од Рајан во сиропиталиштето, се сетив на мојот брат кој имаше слични потреби и на грижата која му беше потребна пред смртта. Го молев мојот сопруг да го посвоиме на неколку месеци, едноставно за да се грижам за него“ – објаснила Морс.
Присила отишла двапати во Бургас, Бугарија, пред да го заврши процесот на посвојување и да го одведе малиот Рајан во својот дом. Тоа било во октомври минатата година.
„Тоа е убава земја, но ги немаат потребните средства за да се грижат за децата. Прават сè што можат. Нему му беше потребна само туба за хранење. Го убиваше гладта. Кога го видов првпат, првото нешто кое ми помина низ глава беше дека ќе умре. Беше шокантно, фотографиите не ја прикажуваат реланоста. Изгледаше дури помало во живо. Поболно и покршливо. Мојот показалец беше со иста големина колку неговото бедро“ – со овие зборови Присила ја опишува состојбата на Рајан кога првпат го видела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.