Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер претежно од северен правец, но повеќе ќе биде изразен на повисоките места и на планините. Во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста.
Утринската температура ќе се движи од минус два до два, а дневната од седум до 13 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно. Во утринските часови ќе има умерена облачност, а во текот на денот ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус три, а дневната ќе достигне до осум степени.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно време со ниски утрински температури. Позначителен пораст на дневната температура ќе има од петок и за време на викендот. Во петок се очекува дневната температура да достигне до 17 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.