Иако на прв поглед се сосема различни, претседателот во заминување и новиот шеф на Белата куќа имаат една иста карактеристика – нивниот однос кон противниците.
Разликите меѓу Барак Обама и Доналд Трамп се големи и лесно забележливи. Трамп понекогаш е весел и комичен, но почесто суров и вулгарен. Од друга страна, кај Обама нема ништо од тоа. Тој многу се труди да биде оригинално духовит и тоа го прави многу добро и никогаш не е вулгарен во јавност.
Сепак, треба да се признае дека и едниот и другиот имаат едно заедничко нешто: Презир кон своите критичари. Трамп своите критичари ги опишува како некое мало дете – „лажго“, „губитник“, „измамник“ и слично. Обама тоа го прави на попрефинет начин, но, сепак, го прави тоа.
Тоа стана забележливо на неговиот прв говор на инаугурацијата во 2009 година: „Постојат некои што ни забележуваат на нашите амбиции. Некои се прашуваа дали САД може да издржат толку големи планови“. Обама нив ги окарактеризира како „циници“ со нереални погледи на светот. Во неговиот говор кога го претставуваше образовниот систем „Трка кон врвот“, Обама тие што не го разбираа повторно ги нарече „циници што немаат контрапредлог“.
Противниците на Обама не беа само „негатори“ и „циници“, туку беа и „ирационални“ и „злонамерни“. Според него, тие што сметаат дека Владата нема капацитет да ги реши проблемите, не би ни требало да се обиде да ги реши: „Ако немате пари за здравствено осигурување, подобро е да не се разболувате“, изјави тогаш Обама.
Не е проблем да имате критичари, но проблем е ако пречесто обрнувате внимание на нив. Едно е кога им се обраќате на своите политички противници за време на кампања, а друго е кога им се обраќате при инагурацискиот говор, сметаат стручњаците.
Инаугурациските говори би требало да им дадат на граѓаните на САД нешто за што ќе се обединат, но тоа не беше случај во 2013 година: „Одбиваме да веруваме дека мора да се направи избор меѓу генерацијата што ги направила Соединетите Американски Држави и таа што ја гради нејзината иднина“, изјави Обама нагласувајќи дека тие што не се согласуваат со тоа, една генерација ја осудуваат на пропаст.
Овие формулации го одбележаа мандатот на Барак Обама, а експертите велат дека претседателот на САД во заминување имал став дека неговите противници не се ниту паметни ниту дисциплинирани и дека не можат да го променат мислењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


