| четврток, 6 декември 2018 |

Коѕијас: Атина и Скопје имаат пријателски односи

Грција има пријателски односи со северниот сосед и двете земји направија неколку чекори, меѓу кои и мерките за градење доверба, кои почнаа да се спроведуваат.

Ова го изјави грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас, по синоќешната средба со шефот на германската дипломатија Френк-Волтер Штајнмаер.

– Дипломатите од двете страни прават значајна и голема работа, и дури ќе кажам дека е толку интензивна, колку со никоја друга земја. Сега правиме гасовод од Солун до Скопје, ќе се направи нова железничка линија од Лерин до Битола – информира Коѕијас.

Тој, исто така, додаде дека двете земји воспоставија соработка меѓу универзитетите, полицијатата и размена на информации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top