| четврток, 6 декември 2018 |

Пропаѓа земјата пред Кралскиот дворец во Брисел

brisel golemaОгримна дупка со длабочина од четири метри и со големина од 100 метри кубни се отвори денеска пред Кралскиот дворец во Брисел. Како што јавуваат тамошните медиуми дупката настанала при пропаѓањето на дел од булеварот. За среќа нема повредени луѓе и оштетени автомобили, иако сообрќајот бил густ.

Засега не е позната причината за пропаѓање на асфалтот, но се претпоставува дека тоа се случило како резултат на одрон во канализацијата која минува под булеварот. Службите стравуваат дека може да пропаднат и други делови од булеварот, што негативно би влијало на свеченостите кои се предвидени да се одржат на овој булевар на 21 јули по повод националниот празник на Белгија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top