| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка година за милијардерот: Му откриле рак, па го оставила 58 години помладата сопруга

Бракот на 84-годишниот Рихард Лугнер и 26-годишната Кети Шмиц, кој своевремено ја шокирал Австрија, пукнал по само 2 години.

Рихард, еден од најбогатите Австријци, по петти пат застанал на лудиот камен на 12 септември 2014 година. Венчавката во дворецот Шенбрун според некои проценки чинела околу 100.000 евра.

Меѓутоа, љубовта траела кратко и поранешната зајачица на „Плејбој“ Кети, по само две години брак сфатила дека милијардерот Лугнер не е човекот на нејзиниот живот и поднела документи за развод, но не е познато што сè поранешната зајачица добила од него. Австриските медиуми пишуваат дека е побогата за луксузна вила и автомобил, а се претпоставува дека ќе има и пристоен месечен „џепарлак“.

Екстравагантниот Лугнер милијардите ги заработил преку своите градежни компании, а во центарот на вниманието се нашол кога на славниот Виенски бал се појавувал со познати актерки, пејачки и старлети. Со години им плаќал огромни суми на Бриџит Нилсен, Мира Сорвино, ЏИна Лолобриџида, Ким Кардашијан, Елизабета Канализ, Брук Шилдс, Памела Андерсон, Софија Лорен… само со нив да прошета по црвениот тепих и да танцува.

Кети, медицинска сестра по професија, живеела во Германија, во покраината Рејнландфалц. Во јавноста станала позната откако се појавила на насловната на германското издание на „Плејбој“. Во Виена се доселила со својата шестгодишна ќерка.

Милијардерот сега го чека многу потешка битка, бидејќи неодамна му бил дијагностициран рак на простатата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top