| четврток, 6 декември 2018 |

Со повисоки казни до подобри услуги во мобилната телефонија

mobile-phones (1)Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) планира да ги зголеми казните за операторите бидејќи досегашните казни не вршеле доволно голем притисок за подобрување на квалитетот на мрежата.

Решението вели директорот на АЕК, Роберт Орданоски, е да се воведат мандатни казни. Овие казни се предвидени во новиот Закон за електронски комуникации.

АЕК ќе го мери квалитетот на мрежата според достапноста која треба да биде над 99,5 отсто, според бројот на пропаднати повици кои треба да бидат под 2 отсто и според бројот на реализирани повици кои треба да бидат 99,9 отсто.

Дополнително, добри вести за сите корисници на мобилниот интернет е дека минималната брзина треба да бите 1 Mbit/s во 3G мрежата, но најверојатно ова нема да важи за договорите кои се ограничени со „фер користењето“ односно во кои се вели дека брзината ќе се намали поради надминувањето на лимитот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top