| четврток, 6 декември 2018 |

Српски „Курир“ изброја 70.000 луѓе на митингот во Скопје: Централата на Сорос со лажна еуфорија го воведува СДСМ во уште еден катастрофален изборен пораз

Предизборната кампања на предвремените избори во 2016 година ќе остане запаметена по катастрофалниот одѕив на симпатизерите и членовите на СДСМ на митинзите во предизборната кампања. Лошите антимакедонски политики и обидите да се придобијат албанските гласачи, очекувано и очигледно го одбија македонското гласачко тело.

Досега не видовме фотогалерија од митинзите, а како што стојат работите, ниту ќе видиме. Така беше и за вчерашниот „масовен, огромен, народен“ митинг. Иако се играше со епитети, се степенуваа придавки од голем поголем, конкретна бројка се чекаше од белградската централа на Сорос. Така, по скопскиот  митинг на СДСМ, што се одржа синоќа пред Владата на РМ, со конечна пресметка не излегоа опозициските медиуми, туку српски Курир.

Неверојатни 70.000 илјади граѓани, бомбастични наслови за обединет Балкан. За среќа или несреќа на сосесдите и нашите препишувачи, денеска е многу лесно да се пресмета колку народ навистина имало. За да собере 70.000 луѓе на тој потег на „Илинденска“, кој изнесува околу 6000 квадратни метри, на квадратен метар требало да стојат 70-80 луѓе.

kurir-rs-miting-sdsm

 

Медумите под директна контрола на СДСМ не објавија колку народ беше излезен вчера на митингот, но ја презедоа информацијата од српски Курир, кој работи како и повеќето српски медиуми, под контрола на Сорос, а пред неполни два месеци го купи Слободен печат на Бранко Геровски, првото перо на опозицијата.

Според пресметките на просторот од 6000-7000 квадратни метри може да собере околу 22.000 луѓе.

Ниту Сорос, ниту албанските радикали, ниту екстремистите од Беса и оние инфилтрирани во високото раководство на СДСМ не успеаја да му ја протнат на овој народ евтината приказна за подобар живот во Македонија, кој скапо ќе го плати со поделба на земјата. По скопскиот митинг на коалицијата предводена од СДСМ, јасно е дека погубната битка на предавниците на Македонија заврши погубно за нив самите.

Ниту автобусите од Струмица и Куманово, и целата администрација од Струмица, Куманово и Центар не го пополнија срамот од фијаското на решавачкиот митинг.

15301242_10209852889297159_294440895_n

 

Организаторот дал се од себе за да го сокрие срамот, па бината беше поместена неколку метри понапред за разлика од лани во мај, а и празниот простор од бината до првиот ред во публиката беше зголемен за да ги истурка граѓаните колку што е можно поназад и да изгледа пополно. Празнината и малиот одѕив зборуваат за незадоволството од разнебитувачките политики на СДСМ.

sdsm-miting-skopje-4-12-2016

Празнините на „Илинденска“ СДСМ се обиде да го сокрие и со помош на осветлувањето, па осветлуваше само дел од присутните кои се понапред, а другиот дел од улицата е неосветлен, па и на панорамските фотографии, само неколку што ги објавија функционерите на партијата се гледа еднен голем мрак.

sdsm-skopje

 

За споредба, околу 70.000 граѓани се собраа минатата недела пред Собранието на РМ за да ѝ дадат поддршка на владејачката Коалиција за подобра Македонија, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

kol222-2-miting-vmro-skopje-izbori-2016-29

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top