Критиката со години ја фалеше Марија Шнајдер за таа улога, тврдејќи дека во филмот од 1973 не глумела, туку се искажувала себе си. За жал, впечатокот дека нејзината глума за време на сцената во која Марлон Брандо ја силува со помош на путер, била малку пореалистична, бидејќи била вистина.
Имено актерката немала поим што ќе и прави Брандо пред камерите. Режисерот на филмот Бернардо Бертолучи признал дека со Брандо дошол на идеја да користат путер како лубрикант во сцената на силување, но решиле за тоа да не и кажат на Марија.
-Се чувствувам грозно на некој начин што ништо не и кажавме, но сакав реакција на девојка, не актерка – рекол Бертолучи.
Марија која за време на снимањето имала само 19 години, после филмот долго се борела со депресија и никогаш веќе не снимила голишава сцени.
Починала во Париз во 2011 година на 58 години.
-Се чувствував понижено, силувано и од Брандо и од Бертолучи. После снимањето Брандо ниту ме тешеше, ниту ми се извини. За среќа сцената е снимена од прва – рекла таа во една прилика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Париз во пламен! Протестите прераснаа во улична војна, наскоро ќе биде воведена вондредна состојба?
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
Војна на улиците на Париз: Нема револуцијата без насилство (фото+видео)
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија