Светските медиуми не престануваат да пишуваат за страшната несреќа во која загина речиси целиот тим на бразилскиот прволигаш Чапекоенсе, а сега на виделина излегоа и помалку морничави детали поврзани со сопругите на 13 од загинатите фудбалери.
Тие само неколку дена пред несреќата на авионот направиле исти тетоважи со срце во кое има исцратно мал авион, кој, според зборовите на сопругата на капитенот на тимот, Клебер Сантана, требало да го симболизираат патот кон љубовта.
Тринаесетте сопруги задно со своите мажи требало на 9 декември заедно да патуваат на одмор во Доминиканска Република. Понежните половини на спортистите биле толку возбудени поради тоа, што се решиле да направат исти тетоважи. За жал, сега сите се вдовици…
Загубата секако е најголема за најблиските, за семејствата, за сопругите и за девојките на фудбалерите. Тие планираат да живеат заедно, во една куќа, за да се обидат да ја надминат оваа огромна трагедија, пренесуваат странските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.