Голи фотографии на Ева Браун, љубовницата, а пред самиот крај и жена на Адолф Хитлер, објави британски Сан.
Двете фотографии се направени на брегот на езерото Волфанг. На едната Ева е фотографирана од грб, а на другата се смее некому зад кадарот.
На другата страна на фотографијата е напишано:На осамената плажа на езерото Волфанг. Август 1943 година. Потписот на другата страна го напишала Браун и гаалси: Моментална снимка. Преубави денови на Црното езеро.
Фотографиите се откриени кај антиквар во Салцбург кој пред девет години ги купил од некоја жена. Таа тврдела дека кутијата со фотографиите ја нашла на таванот на својата куќа. Вистинитоста на снимките ја потврдиле историчари и експерти.
Ева Браун 13 години била љубовница на Хитлер, а се венчале само 40 часа пред заедничкото самоубиство во бункер во Берлин на 30 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.