| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска можеби почнува крајот на ЕУ

%d0%b8%d0%b7%d0%b1%d0%be%d1%80%d0%b8

Во Италија и Австрија денеска ќе бидат одржани првите во низот клучни избори со кои потресената ЕУ мора да се соочи.Резултатите од претседателските избори во Австрија и референдумот во Италија би можеле трајно да ја преобликуваат политичката структура на блокот, па дури и да означат крај на ЕУ во облик во кои сега постои.

Во Италија почна гласањето на референдумот за уставна реформа.

Гласачките места беа отворени во седум часот по локално време. Гласањето ќе се одвива до 23 часот и во него може да учествуваат над 46 милиони избирачи. Првите резултати од референдумот се очекуваат во текот на ноќта.

Уставните промени имаат за цел јакнење на централната власт и радикална промена на парламентот преку ограничување на моќта на Сенатот.

Австријците денеска по третпат оваа година излегуваат на избори за претседател на државата.

Околу 6,4 милиони Австријци имаат право на глас на денешните избори кои се всушност, повторување на вториот круг гласање одржан во крајот на мај, а кои Уставниот суд ги поништи поради непривилности во пребројувањето на гласовите пристигнати по пошта.

Во првиот круг одржан на 24 април кандидатот на Слободарската партија на Австрија, Норберт Хофер беше прв со 35,1 отсто гласови, а независниот кандидат Александар ван дер Белен втор со 21,3 отсто гласови.

Во вториот круг одржан во крајот на мај победи Ван дер Белен благодарение на гласовите пристигнати по пошта, со 50,3 отсто, а Хофер освои 49,7 отсто гласови.

Повторувањето на вториот круг требаше да се одржи на 2 октомври, но две недели пред гласањето беше регистрирано дека постои проблем со изборниот материјал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top