| четврток, 6 декември 2018 |

Кање Вест избега и од Ким Кардашијан

Раперот Кање Вест кој многумина го сметаат за икона на хип-хоп културата преживува многу тешки моменти откако претрпе нервен слом и мораше да ја откаже својата концертна турнеја. По третманот во медицинската клиника Кање сметал дека му е потребно време да биде сам и затоа се одвоил од сопругата Ким Кардашијан и неговите деца.
Тој е пуштен од болница во средата, каде мина околу десетина дена по претрпениот нервен слом, но наместо да се врати дома кај своето семејство, тој се наоѓа во изнајмена куќа, каде и натаму е на домашно лекување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top