Мнозинството граѓани ќе даде масовна и огромна поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија. Граѓаните имаат многу причини за тоа, прво заради сè одработено од ВМРО-ДПМНЕ, сиот минат труд, сите нашите остварени ветувања и реализирани програми. Нашиот труд покажа дека држиме до зборот, создаваме многу, се грижиме за граѓаните, тука сме и во добри и тешки времиња, решивме многу проблеми, но има и уште за решавање. Тоа е една една од причините зошто граѓаните ќе го поддржат ВМРО-ДПМНЕ, истакна на денешниот митинг во Кратово Никола Груевски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листа во четвртата изборна единица.
-Втората причина е новата програма во која се нудат многу проекти кои се во корист за секој граѓанин која ќе реши многу проблеми, покачување плати, пензии, субвенции, проекти кои ќе помогнат земјата да се движи напред, да се намали невработеноста. Една од причините е и тоа што СДСМ го прави во изминативе две ипол години, заради лични и цели на нивните сценаристи. Го држат во заложништво народот бидејќи се испаразиле со некого. Тоа народот го препозна и тоа е причина на изборите на 11 декември СДСМ да биде жестоко казнет заради продавање на националните и државни интереси, заради непочитта кон сопствениот народ, посочи Груевски.
Тој додаде дека кога СДСМ минатата година побарале предвремени избори, ВМРО-ДПМНЕ веднаш прифатиле, но тогш започнале сценаријата на опозицијата најпрво со фантомите.
-Фантомите беа причина за повод на политичка криза кога Зоран Заев излезе на прес-конференција и кажа дека заради фантоми нема да влезе во парламентот и не ги признава изборите. ДИК, во која тие имаат доминација, мнозинство, ги објави финалните списоци во кои јасно стои дека нема 500.000 фантоми како што тврдеше тој, туку ќе гласаат 5.000 повеќе луѓе во Македонија. Каде се сега фантомските гласачи? Каде се сега да излезат и да им кажат на граѓаните, молчат сега ги нема, а свесно лажеа 2 милиони луѓе. Каде се да излезат и да кажат како излезе 5.000 повеќе луѓе да има. Ова е причина повеќе да бидат казнети на 11 декември и ќе бидат казнети, вели Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст