Во салата на Вардар (под Кале) денеска се одржува кошаркарски турнир, Европска кошаркарска недела на Специјална Олимпијада. Овој настан е организиран од страна на Специјална Олимпијада Македонија во соработка со Кошаркарска федерација на Македонија.
Турнирот опфаќа натпреварувања во традиционална кошарка, Јунифајд кошарка и 3 Х 3 баскет.
Тринаесеттата Европска кошаркарска недела ќе се одржи во 35 земји обединувајќи 19.000 атлети, лица со интелектуални пречки, членови на Специјална Олимпијада, случувањето е помогнато од 25 кошаркарски федерации и 60 професионални кошаркарски клубови кои овозможуваат Европската кошаркарска недела да биде традиционален настан за лицата со интелектуални пречки.
Како дел од предвидените активности во рамките на Европската кошаркарска недела, утре во Конгресната сала на СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 9 часот ќе се одржи семинар за обука на Јунифајд кошаркарски тренери, кој што ќе има за цел да го доближи овој концепт на кошарка до оние кои имаат визија за инклузивно спортување.
Поддржан од ФИБА Европа и Евролига, целта на проектот Европска кошаркарска недела на Специјална Олимпијада и активностите кои ќе се организираат е да се зголемат можностите за спортување на лицата со интелектуална попреченост со што ќе се влијае на квалитетот на нивниот живот и ќе се промовираат некои хуманистички вредности како што се почитувањето, прифаќањето и инклузијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст